Само идејата е капитал, се друго е пари...
Kapital Media Group е формиран во септември 1999 година, со првиот производ-магазинот Капитал и за кратко време станавме највлијателен бизнис информатор во Македонија. Нашата визија уште на самиот почеток беше да внесеме нова вредност во медиумите, квалитет во пишувањето, да бидеме независни од политички и економски интереси. Целта наскоро се оствари - станавме неделен информатор број еден за голем број економски и политички експерти, високо образовани луѓе, претставници на политичката и бизнис елита, сопственици или партнери во компании.
Следејќи ги трендовите, во текот на своето постоење магазинот претрпе многубројни промени во дизајнот и концептот, со цел да го задржи квалитетот на информирање, професионалноста и довербата која ја освои кај престижната читателска публика.
И во моментот кога почувствувавме дека на нашите читатели им се потребни поспецијализирани, темелни и аналитични информации за сите актуелности, почнавме да ги пласираме специјалните прилози и едиции. Најпрвин скромно и срамежливо, се додека не наидовме на голем интерес и позитивни критики, зголемена побарувачка, за да, во 2010 година достигнеме број од вкупно 27 специјални изданија на годишно ниво, од многубројни и различни области, како: банки, осигурување, градежништво, мебел, брендови, автомобили, туризам, едукација, маркетинг, ИТ и многу други.
Голем чекор напред направивме и со организирање на повеќе обуки и конференции, а се појавуваме и во улога на поддржувачи и коорганизатори на голем број семинари, конференции, форуми, тренизни и сл. Од поголемите настани во наша организација ги оздвојуваме конференцијата “ЕУ фондови, можности и перспективи”, понатаму, во соработка со IFC(Меѓународната финансиска корпорација) организиравме специјална конференција за примена на корпоративното управување во реалниот сектор. Како кулминација во својата мисија на едукатор, за својата 10-годишнина, во септември 2009, го донесовме “таткото на маркетингот” и “живата легенда на економската научна мисла”, професорот Филип Котлер. Со својата масовност од над 750 посетители и со својата ексклузивност, слободно може да се прогласи за бизнис настан на деценијата.
Во 2005та година го лансиравме бизнис порталот www.total.com.mk, кој многу набрзо по лансирањето им стана home page на голем број менаџери и бизнисмени во државата.
И не можевме да застанеме тука. Следејќи ја потребата на нашите читатели на своите бироа да добиваат аналитични информации од секојдневните случувања на бизнис и политичката сцена во државата, во март 2010 го стартувавме дневниот весник Капитал, кој, како што кажува мотото “каса на врвот”, се стреми кон најдоброто, кон иновативноста, креативноста и уникатноста. Тоа и го постигнавме: останавме лидери на пазарот и со овој проект. Со многу позитивни критики и коментари од владини претставници, сопственици на компании и експерти, на 17-ти март 2011 го прославивме првиот роденден од постоењто на овој млад, но веќе влијателен и вреден медиум.
Како надградба на целото наше портфолио и интегрирана платформа за сите наши изданија, но и вести кои се ажурираат на секојдневна база, на 30 март 2011 го лансиравме нашиот нов продукт, портал за бизнис, економија и политика.
Пред една година со лансирање на дневниот весник го освоивме пазарот. Порталот е доказ за нашите високи стандарди, големи вредности и стремежот постојано да воведуваме новитети во нашиот асортиман на услуги. Порталот е нов чекор кон создавање водечки бизнис портал, кој ке ја задржи препознатливоста во брзината и квалитетот на објавување на бизнис вестите и случувањата.
KAPITAL MEDIA GROUP ДОО
ул. Димитрије Туцовиќ бр. 20
п.фах: 503, 1000 Скопје, Република Македонија
телефон: ++ 389 2 3298 110;
факс: ++ 389 3298 111;
e-mail: kontakt@kapital.mk
За повеќе информации за КМГ кликнете тука.