Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 23 ноември 2012, 16:00, во Македонија
Share |
Print page

Во криза, мотивацијата на вработените е клучна за бизнис-успех

Силвана Жежова
Во криза, мотивацијата на вработените е клучна за бизнис-успех

„Компаниите кои имаат добри перформанси во работењето имаат и добро управување со луѓето, тоа е заемен процес“, изјави Питер Хаен, претседател на Светската федерација на асоцијациите на човечки ресурси на денешната четврта Меѓународна конференција за човечки ресурси. Според Хаен, во услови на економска криза, стратешкиот план со работната сила е од круцијално значење за фирмите и начин како да се опстане.

„Мора да знаете во која насока ви оди компанијата, каков вид луѓе ви требаат, кого да ангажирате, да обучите, да отпуштите. Знам дека во услови кога многу брзо се менуваат работите, тешко е да се има план за наредните пет години, но без деловна стратегија, е може да се развие ниту стратегијата за луѓето“, истакна Хаен.

Претседателот на Европската асоцијација за управување со човечки ресурси, Филипо Абрамо, потенцираше дека економската криза создава услови на нестабилност, која пак, има две страни, економска и психолошка.

 „Ако вработените не се сигурни за своето работно место во компанијата, како може да бидат посветени на својата работа? Нивото на мотивација во криза опаѓа и тоа е проблем. но само со вработените можеме да бидеме конкурентни на пазарот. Потребна им е мотивација за да опстанеме на пазарот и да освојуваме нови“, истакна Абрамо.

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) годинава стана членка на Европската асоцијација, со што се отвораат можности за интернационална интеграција и активно вклучување во проекти за стандардизација и сертификација на професијата во регионално и во пошироко значење.

„Човечките ресурси се бизнис-партнери на компаниите и на организациите, а партнерството се гради со почитување на заедничките потреби и интереси“, нагласи Христина Лозаноска, претседател на МАЧР.

На конференцијата учествуваа и директори на секторот за човечки ресурси на неколку македонски компании и го споделија нивното практично искуство од компаниите со присутните.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ