Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 02 ноември 2012, 16:03, во Македонија
Share |
Print page

Балканска млекара отвори фарма во Македонија

Балканска млекара отвори фарма во Македонија

Балканска млекара, кoја е во сопственост на турската млекарница Суташ, основаше фарма во Македонија. Според објавата на Централниот регистар, новото друштво коешто го основаше турскиот инвеститор во Македонија се вика Балканска млекара фарма дооел Илинден и е основано со паричен влог од 5.000 евра, а сопственик е Балканска млекара дооел. Основната дејност на фирмата ќе биде одгледување жита, мешункасти растенија и маслодајно семе.

Управител на Балканска млекара фарма е Али Мусфик Созер, кој е и управител на Балканска млекара.Турскi Суташ во март годинава ја основаше Балканска млекара, која по еден месец ги купи погоните на пропаднатата млекарница Сведмилк за 4,4 милиони евра. По преземање на млекарницата, менаџментот најави инвестиции во изградба на фарми за млечно сточарство, како и фабрика за сточна храна.

Млекарницата беше заинтересирана да закупи дел од државното земјоделско земјиште коешто го издава државата кое беше во сопственост на агрокомбинатот Џумајлија.
Балканска млекара сè уште не произведува на македонскиот пазар, иако почетокот на производството беше најавен за почетокот на октомври.

Директорот на Суташ во Македонија, Али Мушвик Созер, најави дека со нова инвестиција во машина за тврда преработка ќе го зголемат капацитетот за преработка на млеко на 200 тони дневно, со што ќе бидат најголема млекарница во државата.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Работа
    Објавено на 22.05.2013, од Анонимно

    Ве молам кажете ми каде да аплицирам за работа.

  • прашање
    Објавено на 29.03.2013, од Зорица

    ве молам ако знаете да ми кажете каде може да аплицираме за работа?

  • Млеко
    Објавено на 29.01.2013, од Стојан

    Баш ме интересира како ќе проработат без млеко. Без да платат на фармерите за млекото предадено во Сведмилк ќе треба млекото да си го носат од Турција!

  • Млеко
    Објавено на 05.11.2012, од Перо

    Ќе имаат најголем капацитет, а сеуште немаат ни литро млеко. Како ќе преработуваат 200 тони дневно кога сите фармери во Македонија произведуваат најмногу 250 тони дневно и во моментов го предаваат во другите млекари? Погодете сами!

  • Kriza ?
    Објавено на 03.11.2012, од Зоран

    Јак рецепт?
    Треба да се ангажира и инвестира?

    Решението е само политичко.
    Што , со основачки влог од 5000 евра го најдовме рецептот за успех?

    Купена е фарма што и претходно постоела и работела, купена е млекара од претходно ( што не работеше и пропадна од криминална природа, не од незнаење).

    Чекаме да дојдат странци и да ни кажат како треба да работиме.

Предходни12Следни


РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 773


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ