(22.02) Шест милиони евра вредат само објавените реклами на Владата!

Минатата година Владата потрошила околу шест милиони евра за реклами. Дел од договорите, како оние за кампањите „Минимална плата“, „Создај иднина“, „Дуинг бизнис“, „Читај повеќе“, сè уште не се пријавени во Бирото за јавни набавки. Министерството за култура со потрошени речиси 23 милиони евра и Министерството за здравство со 21 милион се најголемите трошаџии во 2011 година
Традиционално, Владата и лани, покрај градежни зафати, за преведување и за издавање литература, најмногу пари потрошила за рекламирање на своите активности и проекти. Согласно податоците објавени на Бирото за јавни набавки, каде што сè уште не се ажурирани сите склучени договори за 2011 година, рекламите и видеоспотовите го „олесниле“ ланскиот Буџет за најмалку 5,6 милиони евра. Тоа е сумата само на објавените склучени договор. Притоа, сè уште нема податоци за дел од кампањите, како „Минимална плата“, „Создај иднина“, „Дуинг бизнис“, „Читај повеќе“ итн.
На реклами најмногу трошел Генералниот секретаријат на Владата - 3.4 милиони евра, рекламирајќи ги реформите во судството, јавната администрација, како и проектите во земјоделството, јавното здравство, градежништвото и во туризмот. По него следува саморекламирањето на АЕК со 900.000 евра и ЕЛЕМ со 870.000 евра. Следен е проектот „Купи куќа, купи стан“, за кој досега се потрошени 305.000 евра, па проектот на МВР за безбедност во сообраќајот, кој ја чини Владата 190.000 евра...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.