Објавено 22 февруари 2012, 13:06, во Македонија
Share |
Print page Игротеките се сериозен бизнис, а не хоби

За некого забава, за друг одлична заработка

Ивана Колева
За некого забава, за друг одлична заработка

Иако релативно нов, бизнисот со игротеки станува се поатрактивен за влез на нови играчи на пазарот. Ако пред 6-7 години во земјава имаше само неколку игротеки, денес нивниот број надминува 80. Сепак, игротеките се уште најмногу заработуваат од родендените за деца, наместо од едукативните програми и дневниот престој, како што е случај во повеќето развиени европски земји

Лидија Коневска или како што децата и родителите ја познаваат, кловнот Лили, за прв пат со бизнисот со игротеки се запознала за време на повеќегодишниот престој во Америка. Но, набрзо решила да се врати во Македонија и таков бизнис, кој во тоа време се уште бил непознат за македонските простори, да основа токму овде со помош на нејзиниот брат Петар. Најпрвин работела како аниматор за деца пред ТЦ Бисер во Аеродром, а подоцна изнајмила и штанд во ТЦ Рамстор во Скопје, за што вели дека тоа бил одличен маркетинг-потег за бизнисот во кој допрва сакала да инвестира.

“Со настапите како кловнот Лили во Рамстор, каде што ги забавував најмалите и каде што професионално им ги цртав лицата, успеав добро да ја изрекламирам игротеката Тиквичка, која подоцна со брат ми Петар, во 2007 година, ја закупивме од претходните сопственици. Во овој бизнис се потребни многу голема љубов и внимание за најмалите, а ние знаевме дека останатите игротеки во тоа време не нудеа услуги со ниво на квалитет какво што имаше во американските игротеки, каде што овој бизнис е развиен до совршенство“, раскажува Лидија, сеќавајќи се на почетоците кога ја отвориле првата игротека Тиквичка во населбата Капиштец.

Во 2010 година ја отвориле и втората игротека во Аеродром, по четири години, во кои успеале добро да се етаблираат на пазарот преку многубројните организирани роденденски и новогодишни забави.
“Без почетни инвестиции од 15.000 евра за опремување на просторот со играчки не можете ни да размислувате за влез во овој бизнис. Дополнителни 5.000 евра ни требаа и за опремата во техника, како системи за музика и караоке-забави, ЛЦД-телевизор за претстави и детски филмови, миксети и друга техника“, вели Коневска. Според неа, голем фиксен трошок е и изнајмениот простор, за кој кириите се многу високи, бидејќи просторот треба да биде голем.

Коневски објаснуваат дека за да се оствари месечен профит од околу 500 евра, потребно е во месецот да имаат минимум 42 родендени. “За да ја отвориме игротеката, во денот мора да имаме закажано минимум два родендени, во спротивно не е исплатливо. Еден роденден за два часа изнајмен простор со севкупна програма за најмалите и снимање на роденденот е 2.500 денари. Но, во просек, вкупно, сосе пијалак, родендените чинат од пет до 8.000 денари“, велат од Тиквичка, каде што работат вкупно осум вработени. Коневски пресметале дека за да ја вратат почетната инвестиција, мора да работат околу пет години, па дури по изминувањето на овој период ќе почнат да заработуваат чисти пари.

Пеце Атанаскоски, сопственик на трите игротеки Дримленд пак, вели дека кога тие во партнерство со баџанакот во 2007 година решиле да инвестираат во игротека, си поставиле многу високи стандарди...

Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 22 февруари 2012 година (среда).

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ