Времето денес променливо облачно со слаб локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од пет до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до осум степени.