Објавено 22 февруари 2012, 11:00, во Македонија
Share |
Print page

Македонските извозници бараат слободна трговија со Израел

Ивана Колева
Македонските извозници бараат слободна трговија со Израел

Иако политичкиот дијалог меѓу Македонија и Израел е на високо ниво, на економски план македонските компании се жалат дека високите царини ги прават нивните производи неконкурентни на израелскиот пазар

Царината од 12% за македонските производи на израелскиот пазар ги прави македонските компании неконкурентни, му се пожалија домашните бизнисмени на министерот за економија, Ваљон Сараќини, на вчерашното годишно собрание на Македонско-израелскиот бизнис-клуб. На собранието присуствуваа претставници на околу 40 македонски компании, амбасади, стопански комори и други институции.
Сараќини одговори дека Министерството за економија веќе покренало иницијатива за потпишување договор за слободна трговија меѓу двете земји, но сe уште чекаат Израел да покаже подготвеност за прифаќање на тој договор.

„Меѓу двете земји има голем интерес за економска соработка, а посебно ги поттикнуваме инвестициите од Израел во делот на енергетската и патната инфраструктура, но и во туризмот. Македонија веќе потпиша договори со Израел за образование, здравство и медицина, а годинава потпишавме и за привлекување израелски туристи“, истакна тој.

Додаде дека лани извозот на Македонија изнесувал само еден милион долари, за разлика од увозот кој достигнал 19 милиони долари. Дефицитот од 18 милиони долари во размената со Израел главно се должи на увоз на прехранбени и производи со ниска технологија...

Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 22 февруари 2012 година (среда).

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ