Објавено 22 февруари 2012, 15:17, во Македонија
Share |
Print page

Лошите кредити за една година пораснаа за 15%

Александар Јанев
Лошите кредити за една година пораснаа за 15%

Неликвидноста на компаниите и намалениот обем на работа им создаваат проблеми на бизнисмените навреме да ги враќаат кредитите во банките, а како што се продлабочува кризата во економијата овој проблем станува сe поизразен

Лошите кредити што банките не можат да ги наплатат од месец во месец рапидно се зголемуваат. Најновите податоци на Народната банка покажаа дека во јануари вкупно 337 милиони евра се класифицирани како сомнителни и спорни за наплата, што е за 15% повеќе во споредба со истиот месец во 2011 година.

Неликвидноста на компаниите и намалениот обем на работа им создаваат проблеми на бизнисмените навреме да ги враќаат кредитите во банките, а како што се продлабочува кризата во економијата, овој проблем станува сe поизразен. Поголем дел од лошите кредити произлегуваат од бизнис-секторот, односно 234 милиони евра се спорни за наплата од компаниите, додека граѓаните не можат да вратат 103 милиони евра. Банкарите коментираат дека најпроблематични должници се компаниите што се занимаваат со угостителство, трговија и земјоделство...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ