Објавено 22 февруари 2012, 08:45, во Македонија
Share |
Print page

Туркиш веќе е редовен авиопревозник, а законот сега влезе во Собрание?!

Туркиш веќе е редовен авиопревозник, а законот сега влезе во Собрание?!

Владата со предлог-закон ќе ја ратификува Спогодбата за редовен авиосообраќај со Турција потпишана уште на 19 август лани. Потпис на ваквата Спогодба ставиле министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и неговиот турски колега, Бинали Јилдирим.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство не кажуваат дали оваа меѓувладина спогодба се однесува на Туркиш ерлајнс и зошто дури сега ќе се ратификува кога турската авиокомпанија веќе е прогласена за редовен авиопревозник во Македонија.

Во материјалите испратени до пратениците пишува дека „Спогодбата влегува во сила од датумот на прием на последното известување со која договорените страни се известуваат меѓу себе дека се исполнети уставните формалности за склучување на спогодбата, по дипломатски пат“.

Не е јасно зошто ниту Агенцијата за цивилно воздухопловство, ниту Владата јавно не кажуваат од кога Туркиш ерлајнс е редовен авиопревозник во земјава и дали ги исполнува сите права и обврски согласно со одобрението. Според документот, редовниот авиопревозник меѓу Македонија и Турција треба да оперира од Скопје и Охрид до Анкара и до Истанбул. Засега Туркиш ерлајнс оперира само од Скопје до Истанбул и назад.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ