Објавено 22 февруари 2012, 09:37, во Македонија
Share |
Print page

Турци ќе го градат Јужен булевар

Соња Јованова
Турци ќе го градат Јужен булевар

Инвестицијата се проценува на 60 милиони евра. Маркицата дозволува објектите да имаат до 20 ката. Во следните шест години инвеститорот ќе мора прво да ја изгради подземната сообраќајница, па потоа деловно-трговските објекти

Турската компанија Лимак холдинг ќе гради хотел, трговски центар и други комерцијални, деловни и угостителски содржини во општина Центар на потегот познат како Јужен булевар. Инвестицијата се проценува на 60 милиони евра.

На вчерашното јавно наддавање понудата на турската компанија, како единствена, беше избрана за најповолна. Понудената цена беше 6.300 денари за метар квадратен, што е 300 денари повеќе од почетната цена за наддавање. Вкупната површина на градежната парцела изнесува 31.929 метри квадратни, за што Лимак ќе плати вкупно 3,3 милиони евра. Турскиот инвеститор со свои средства треба да ја изгради и подземната сообраќајница на Јужен булевар, предвидена во деталниот урбанистички план за Стара железничка станица и без надомест да ја предаде во сопственост на град Скопје.

Според информациите од Министерството за транспорт, Лимак холдинг е должна пред склучувањето на договорот за купување на земјиштето во рок од 20 дена да склучи договор со град Скопје за дефинирање на односите за изградба на подземната сообраќајница и да достави банкарска гаранција од 500.000 евра како доказ за навремено завршување на работите...

Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 22 февруари 2012 година (среда).

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ