Објавено 22 февруари 2012, 12:01, во Македонија
Share |
Print page

Ќе понесе ли Кралев одговорност ако ја сокрил прелиминарната листа од Шангај?

Кристина Озимец
Ќе понесе ли Кралев одговорност ако ја сокрил прелиминарната листа од Шангај?

Професорите од Шангај го уриваат тврдењето на министерот за образование Панче Кралев - велат дека прелиминарната листа за рангирање на македонските универзитети која Кралев негираше дека постои, му ја доставиле на 27 јануари. На барање на Универзитетот ФОН, кој незадоволен од сопствената позиција на ранг- листата објави дека постоела и претходна листа, на која биле повисоко рангирани, се јавија од Шангај со официјален допис:

„На 27 јануари доставивме листа до Министерството. Министерството ги ажурираше податоците во декември 2011 година, јануари 2012 и февруари 2012 година. Секој пат министерството бараше од нас да го пресметаме рангирањето врз основа на најновите достапни податоци“, се вели во писмото од Шангајскиот професор д-р Јинг Ченг.

Генералниот менаџер на универзитетот ФОН, Сефер Цаноски вели дека овој допис е доволен доказ за нивните тврдења. Тој соопшти дека доколку министертсвото јавно не ги објави сите детали од рангирањето и методологијата по која се правело истото, овој универзитет ќе бара кривична одговорност. „Бараме ревизија и објава на целото рангирање, со бројки, имиња и факти. Нас ни се скратени 50% од бодовите во финалната листа. Доколку министерството не изврши ревизија, ќе размислиме да побараме и кривична одговорност“, вели Цаноски...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ