Од Нимиц и за Нимиц - ништо ново!

Медијаторот Метју Нимиц по средбите со државниот врв во Скопје порача дека не донел никаков предлог, ниту некој нова идеја, а таква не ни чул за да пренесе во Атина. Сепак, вели дека се уверил во македонската конструктивност и истата ќе ја презентирал на југ
Ништо ново не ставил на маса медијаторот Метју Нимиц на средбите со македонскиот државен врв кои завршија доцна попладнето. По разговорот со премиерот Никола Груевски, Нимиц изјави дека средбите биле добри и се водел доста длабок разговор:
„Разговаравме за начините како да се продолжи со процесот на преговори. Добив силно уверување дека македонската страна е конструктивна и тоа ќе го пренесам во Атина“, изјави медијаторот, кој денес треба да отпатува за Грција.
Нимиц вели дека не сака да чувствува притисок за да мора да даде нов предлог пред Самитот на НАТО во Чикаго во мај годинава:
„Не давам рокови. Со предлог ќе излезам тогаш кога ќе оценам дека има основа за тоа“, вели тој...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.