Објавено 21 февруари 2012, 13:20, во Македонија
Share |
Print page

ФАКОМ и во време на криза не престанува со инвестиции

ФАКОМ и во време на криза не престанува со инвестиции

За годинава се планирани вложувања во вредност од околу 1,3 милиони евра, кои се надоврзуваат на повеќе од 10 милиони евра инвестирани во нова технологија и во опрема последниве пет години, вели Симоновски во интервјуто кое во целост ќе биде објавено во утрешното издание на магазинот Капитал&Менаџер

Скопски ФАКОМ, компанијата за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции, и покрај очекувањата за тешка 2012 година, не престанува со инвестициите. За годинава се планирани вложувања во вредност од околу 1,3 милиони евра, кои се надоврзуваат на повеќе од 10 милиони евра инвестирани во нова технологија и во опрема последниве пет години, откако е променета сопственичката структура во фирмата.

„Очекуваме намалени нарачки и максимално ќе се ангажираме за да ги оптимизираме трошоците во сите сегменти, а ќе продолжиме со инвестиции само во тоа што ни ја зголемува конкурентската предност на пазарот“, вели генералниот директор на ФАКОМ, Златко Симоновски, во интервјуто за Капитал Медиа Гроуп, што ќе можете во целост да го прочитате во утрешниот нов број на магазинот.

Симоновски вели дека минатата година ФАКОМ ја заврши со значително зголемување на оперативните приходи и на нето-добивката во споредба со 2010 година, кога силно беше погоден бизнисот на најголемите клиенти на ФАКОМ, па заради тоа, значително се намалија нивните нарачки...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ