Јанакиески се правда со техничка грешка за Тарбс

Министерството за транспорт и врски се правда со техничка грешка за необјавувањето на милионскиот договор за јавна набавка склучен со адвокатската канцеларија Херберт Смит, која го застапува во спорот со Тарбс. Оттаму информираат дека „техничката грешка” ќе ја исправеле во следниот период и договорот ќе ѝ го ставеле на увид на јавноста
Министерството за транспорт и врски се правда со техничка грешка за необјавувањето на милионскиот договор за јавна набавка склучен со адвокатската канцеларија Херберт Смит, која го застапува во спорот со Тарбс. Оттаму информираат дека „техничката грешка” ќе ја исправеле во следниот период и договорот ќе ѝ го ставеле на увид на јавноста.
„Договорот за адвокатски услуги кој е склучен со адвокатската куќа Херберт Смит е тековен и истиот се однесува на судска постапка која е во тек. Станува збор за договор кој бил предмет и на надворешна ревизија, која нема дадено забелешки за истиот и во следниот период истиот ќе биде објавен“, велат од Министерството, од каде што за прв пат проговорија и за сумата што ја побарува англиската адвокатска канцеларија за да ја брани државата од тужбата на Тарбс „тешка“ над 70 милиони евра. Но, од информацијата на Министерството не може да се добие точна претстава за тоа колку го чинат државниот буџет адвокатските услуги на Херберт Смит, освен тоа дека максималната сума исплатена за ангажирање стручно правно лице не смее да надмине еден милион евра...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.