(21.02) Зошто Владата се откажа од одземање на земјиштето кога инвеститорите не градат?!

Министерството за транспорт и врски изготви измени на Законот за градежно земјиште, со кои на инвеститорите им се овозможува да ја пролонгираат изградбата на земјиштето купено од државата со непосредна спогодба. Клучна измена е и што договорот за купопродажба нема да се раскине дури и ако изградбата доцни со години
Инвеститорите кои купиле земјиште од државата, но не го испочитувале рокот за добивање дозвола за градба ќе бидат условени само да платат парична казна, а земјиштето никогаш нема да им биде одземено. Ова е предвидено со најновите измени на Законот за градба, кои Министерството за транспорт веќе ги достави до Собранието.
Според законските измени, непочитување на рок не може да биде услов за раскинување на договорот, а предвидената парична казна ќе изнесува 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за земјиштето за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање во втората година од истекот на рокот и 4,5% од вкупно постигнатата цена за секој изминат месец во третата и секоја наредна година.
Досега Законот налагаше државата да го одземе земјиштето на кое инвеститорот нема да го изгради ветениот објект во утврдениот рок. „Капитал“ веќе пишуваше дека во Скопје неколку градежни парцели зјаат празни иако уште пред неколку години државата им ги продаде на приватни инвеститори. Такви се 40-катниците за домување во скопската населба Аеродром, аквапарк во истата населба, станбено-деловниот комплекс во Алумина, но и хотелот зад Рамстор, кој иако треба да биде завршен до 2014 година, на терен нема видливи градежни активности...
Во кои случаи државата продава земјиште во четири очи?
- за изградба на верски објекти;
- за изградба на дипломатско-конзуларни објекти;
- за оформување градежна парцела ако приватно лице е сопствениик на повеќе од 30% од градежната парцела;
- на сопственици на објекти на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп;
- на сопственици на објекти за кои е донесено решение за легализација на бесправен објект.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.