Објавено 21 февруари 2012, 16:16, во Македонија
Share |
Print page

Пазарот со природен гас ќе се либерализира само на хартија - Макпетрол останува главен играч?!

Катерина Попоска
Пазарот со природен гас ќе се либерализира само на хартија - Макпетрол останува главен играч?!

Иако Регулаторната комисија за енергетика најавува дека од јуни ќе го либерализира пазарот со природен гас, засега само трговецот Макпетрол купува и продава гас во Македонија. Ниту еден од останатите четири трговци не склучил договор за купопродажба на гас во Македонија. Зошто?!

Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика најавуваат дека од јуни пазарот со природен гас во земјава ќе се либерализија, но на хартија. Регулаторите за четири месеци треба да ги донесат подзаконските акти на Законот за енергетика, според кои, сите компании во земјава ќе може да купуваат гас на слободниот пазар, по пазарни цени, наместо како досега по регулирани.

Токму носењето на овие подзаконски акти теоретски значи дека пазарот со природен гас во Македонија ќе се либерализира, односно компаните сами ќе одлучуваат од каде ќе се снабдуваат со овој енергенс, кој засега во земјава единствено го носи Макпетрол. Дека либерализацијата на пазарот со природен гас барем во скоро време нема да промени ништо на пазарот доказ е и тврдењето од Регулаторната комисија дека иако лиценца да тргуваат со природен гас во Македонија имаат пет компани, од нив само Макпетрол купува гас од Газпром и го продава на 30-ина компании тарифни потрошувачи...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ