Објавено 21 февруари 2012, 10:56, во Македонија
Share |
Print page

Шангајците требало да ги посетат универзитетите за релевантно рангирање?!

Кристина Озимец
Шангајците требало да ги посетат универзитетите за релевантно рангирање?!

Шангајците требало да ги посетат универзитетите на самото место за да добијат објективни податоци за нивно рангирање?! Според Берлинските принципи врз кои се темели целото рангирање на универзитетите, за да се обезбеди кредибилитет, одговорните лица за собирање и користење на податоците кои ги посетуваат локациите, требало на неутрален начин да обезбедат соодветни информации за универзитетите.

Како што објави „Капитал“, дел и од професорите во високообразовните институции тврдат дека Берлинските принципи за рангирање на универзитетите, на кои се повикува шангајскиот Универзитет Џио Тонг од Кина, не биле испочитувани докрај. Според нив, нетранспарентноста на методологијата по која е правено рангирањето и фактот дека шангајските истражувачи не ги посетиле на терен за да направат консултации со академскиот персонал и студентите е доказ дека Берлинските принципи не се испочитувани. Поранешниот министер за образование, Ненад Новкоски, за „Капитал“ вели дека постапката за рангирање треба да биде многу поширока и со многу повеќе критериуми, бидејќи во случајов најмногу е вреднувано она што државата го дава како поддршка. „Охридскиот универзитет не исполнува многу од критериумите за да биде универзитет, нема доволно единици, нема наставен кадар и не би требало воопшто да се рангира, а е на високо место бидејќи државата дава стипендии за странски студенти и неговата оценка со тоа оди нагоре. На ранг-листата има рангирано школи кои воопшто не припаѓаат во високото образование“, вели Новкоски.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • megjunarodni nefinfirani listi
    Објавено на 21.02.2012, од rezultati

    http://www.webometrics.info/rank_by_country.asp?country=mk



КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 532
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ