Ивановски призна - администрација нема абер од реформи
Дејан Азески

Министерот Ивановски изненади со црните оценки за својата администрација - вели дека службениците биле непосветени, чувале предмети во фиока, барале мито, па дури и со чекан ги кршеле семафорите поставени за граѓаните да ја оценат нивната работа
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, признава дека неговите реформи не даваат резултати. На трибината во Струмица за четвртата фаза од проектот „Регулаторна гилотина“, „Предност за малите“, оцени дека службениците се уште потфрлаат во нивната работа.
„Во 2010 година дури 69% од службениците беа оценети со највисока оценка, што не може да биде реална слика. Вакви резултати нема ниту во Шведска, ниту во Норвешка. А за нашите службеници има сериозни забелешки - не читаат службен весник, намерно ги задржуваат предметите во фиока за да изнудат мито и смислено ги расипуваат дури и ги кршат со чекан семафорите поставени за оценување на нивната работа“, вели министерот Ивановски...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.