Објавено 21 февруари 2012, 14:31, во Македонија
Share |
Print page

Тодоров ќе гради и улици до новиот клинички центар

Викторија Милановска
Тодоров ќе гради и улици до новиот клинички центар

Катна гаража, модерни чекалници, еднокреветни соби и хелиодром треба да има новиот клинички центар што го најави Владата, за кој планира да гради и нови сообраќајници

Катна гаража на местото на хаотичниот паркинг во Клиничкиот центар во Скопје, модерни чекалници во клиниките, еднокреветни соби по терк на светските медицински установи и нови сообраќајници. Вака ќе изгледа новиот клинички центар во Скопје, кој пред неколку дена го најави премиерот Никола Груевски, велат во Министерството за здравство.

Новата клиничка зграда ќе се простира на 50.000 метри квадратни, а на врвот ќе има модерен хелиодром. Владата единствено се мисли дали да изгради две згради од по четири ката или една деветкатница. Независно од формата на зградата и бројот на катовите, објектот ќе се гради на местото на старата Клиника за гинекологија, која ќе се руши до темел. Во новиот клинички центар ќе бидат сместени најголем дел од универзитетските клиники, кои ќе бидат поврзани, со како што најави Владата, „топли врски“. Само детската, инфективната и стоматолошката клиника кои ќе си останат во постојните засебни објекти.
Од Министерството информираат дека на почетокот на април ќе распишат тендер за фирма која ќе го прави проектот за клиничкиот центар...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Хаосот во здравството
    Објавено на 21.02.2012, од Тодор Николов

    Тодоров не е ставен таму за да гради туку да го зголеми хаосот во јавното здравство и затоа да биде награден со ново министерство при следната реконструкција на владата.



КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ