Објавено 21 февруари 2012, 09:30, во Македонија
Share |
Print page

Македонија ќе го снабдува Балканот со ран зеленчук

Македонските раноградинари оваа пролет ќе ги снабдуваат земјите од регионот со свеж зеленчук. Како што пренесува српски Б92, како резултат на лошите временски услуви, огромните врнежи на снег и ниските температури Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина оваа пролет ќе се соочат со недостиг од раноградинарски производи, а на сметка на тоа ќе се зголеми увозот на македонски производи во овие земји.

Како што пренесуваат српските медиуми, балканските држави се соочија со ниски температури и големи врнежи од снег, а како резултат на невремето беа уништени многу пластеници и оранжерии. Тоа ќе резултира со намалено производство на зеленчук.

Според српските земјоделци и аналитичари, единствена земја која помалку е погодена од невремето е Македонија, така што македонските производители на ран зеленчук ќе имаат најголема корист од ваквата ситуација.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ