Интервју
Ги откривме акционерите под 5% со силно лобирање и медиумска поддршка

Интервју со Милко Штимац поранешен претседател на Комисијата за хартии од вредност на Србија
Србија има ист Закон за тргување со хартии од вредност како и Македонија. Како успеавте да ги објавите јавно имињата на акционерите под 5% на интернет-страницата на Централниот депозитар?
Многу долго се боревме за поголема транспарентност во акционерството. Објавувањето на податоците за сопственоста влегува во групата на превенција и заштита. Колку пазарот на капитал е потранспарентен, толку се помали изгледите да биде злоупотребен. Многу долго се боревме и лобиравме, не само за јавното објавување на „ситните“ акционери, туку и генерално за сè што се објавува на пазарот на капитал. Но, сепак транспарентноста треба да се форсира до граница која не го дестимулира однесувањето на акционерите, што ќе обезбеди интегритет на пазарот на капитал и на акционерите. Иако општо прифатен стандард за јавно објавување на акционерите е прагот од 5%, во Србија отидовме чекор понапред. Регулаторите треба да ги обезбедат правата на „ситните“ акционери, но и да ги заштитат од злоупотреба. Да ги заштитат правата на малите акционери кои добиваат разни уцени. Кај нас овој систем не е докрај изграден и правосудството ни е најслаба алка во обезбедувањето гласачки права од акциите. КХВ во Србија се труди во континуитет да постигне поголема транспарентност. Кога и да се донесува нов закон за пазарот на капитал, се труди преку лобирање да се прифатат што повеќе од стандардните светски практики. Така беше и со објавувањето на „ситните“ акционери. Класично лобирање. Министерството за финансии е задолжено да напише предлог-закон и да го поднесе во Парламентот. Потоа се формира јавна група, а ние постојано инсистиравме во неа да има и наши претставници кои ќе лобираат во законот да влезат што повеќе норми за поголема транспарентност.
Што се промени откако малите акционери станаа достапни за јавноста?
Ние сме во транзиција и пазарот на капитал кај нас, а верувам и во Македонија, служи да ги прифати компаниите кои дошле од првиот бран на приватизацијата. Транзицијата продолжува и доаѓаат сè повеќе нови компании. Во Белград има повеќе од 1.200 компании на берзата, од кои една третина можеби активно тргуваат. Додека не заврши приватизацијата, не може да очекувате големи квалитативни промени на пазарот на капитал. А приватизацијата не настанува одеднаш, туку постепено...
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.