Објавено 20 февруари 2012, 15:23, во Македонија
Share |
Print page

Јанакиески не дава отчет за милионите за адвокати за Тарбс

Максим Ристески
Јанакиески не дава отчет за милионите за адвокати за Тарбс

За спорот „тежок“ повеќе од 70 милиони евра кој се води во Лондон по тужба од компанијата за сателитски услуги, Тарбс, Министерството за транспорт користи адвокатски услуги кои чинат милиони евра, а не ги објавува договорите за исплата

Министерството за транспорт и врски ги користи услугите на адвокатите од англиската канцеларија Херберт Смит во судскиот спор со Тарбс, и врши исплата за истите, но не објавува склучени договори за јавни набавки како што налага законот:

„Судскиот спор е во тек, а Министерството за транспорт и врски ја дополни одбраната во согласност со англиското право за водење спорови. Договорот со адвокатите се реализира согласно со договорените одредби на истиот, вклучително и исплатите“, одговорија од Министерството на прашањето зошто сè уште не е објавен никаков документ за ангажирањето на адвокатите од Херберт Смит, чии услуги чинат милиони евра буџетски пари.

За илустрација, Македонската радио-телевизија, која Тарбс, исто така, ја тужи и од која побарува многу помала сума во однос на онаа што би требало да ја плати Министерството за танспорт во случај да го изгуби спорот „тежок“ повеќе од 70 милиони евра, на 15-ти овој месец објави договор за јавна набавка вреден 1,2 милиони евра, со англиската адвокатска канцеларија ТЛТ ЛЛП, која го брани јавниот сервис пред Лондонскиот суд од тужбата на Тарбс...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ

Дневен 531 Магазин 655