Бројот на пензионери ќе расте, а на работници ќе паѓа. Од каде пари за пензии?

Додека земјите во регионот, испаничени од најновите проекции на Светска банка, веќе воведуваат рестриктивни реформи на пензискиот систем, македонската Влада ги игнорира алармантните бројки
Драматично ќе се намали работоспособното население и тројно ќе се зголеми бројот на пензионери во Македонија во наредните 30 години, предвидува Светска банка. Најновите податоци на оваа институција покажуваат дека во 2050 година, пензионерите ќе сочинуваат околу една третина од македонското население, што е речиси тројно повеќе отколку сега.
Додека земјите во регионот, испаничени од сличните проекции упатени на нивна адреса, вклучуваат аларм и веќе воведуваат рестриктивни реформи на пензискиот систем, македонската Влада ги игнорира овие поразителни проекции. Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, одби да објасни дали Владата ќе стори нешто за долгорочна стабилност на пензискиот систем и кој ќе обезбеди пари за идните пензионери...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.