Објавено 20 февруари 2012, 16:22, во Македонија
Share |
Print page

(20.02) Како бизнис-секторот сака да ја види Македонија во 2022 година?

Викторија Милановска
(20.02) Како бизнис-секторот сака да ја види Македонија во 2022 година?

Бизнисмените од Стопанската комора на Македонија веруваат дека домашната економија има сила за 10 години да произведе бруто-домашен производ од 13 милијарди евра и БДП по жител од 6.000 евра. За Владата проекциите се остварливи, но не во време на глобална економска криза

Годишен раст на економијата од 6%, БДП по жител од 6.000 евра, стапка на вработеност од 46%, 100.000 нови работни места, современа железничка пруга до Солун, железничко поврзување со Бугарија и со Албанија. Ова е само дел од амбициозната проекција за домашната економија, која претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, посака да се оствари до 2022 година. На прославата по повод 90 години од постоењето на Стопанската комора на Македонија, Азески изрази подготвеност во наредните 10 години, заедно со компаниите-членки на Комората да лобира кај владините институции за остварување на овие цели.

„Ние, компаниите здружени во Стопанската комора, без ниту еден исклучок, од областа на енергетката, рударството, металургијата, банкарството, градежништвото, текстилот, металопреработувачката и хемиската индустрија, сме подготвени за ваква Македонија, за да ги зголемиме извозот и производството, нивото на инвестициски ризик и на корпоративната општествена одговорност. Денес јавно ја прокламираме нашата волја заедно со носителите на економската власт активно да партиципираме во остварувањето на оваа цел, која ќе & донесе просперитет на Македонија“, порача Азески.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, вели дека проекцијата на Комората не е неостварлива, но зависи од повеќе фактори...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ