(17.02) Волерс: Проблемот не е да се донесат инвеститори, проблемот е да се задржат!

Kога компаниите доаѓаат во Македонија не ги земаат предвид само инфраструктурата или работната сила. Сакаат да знаат дека средината во која инвестираат е стабилна и има добро правно и бизнис-опкружување. На овие пораки од амбасадорот Волерс, македонските бизнисмени вратија дека тешко се развива либерален пазар во сиромашна земја.
Роуд шоуата“ на македонските владини претставници и рекламирањето на Македонија во другите земји за да привлечат странски инвестиции е добра стратегија. Но, проблемот не е да донесете странски инвестиции овде, туку да ги убедите инвеститорите да останат. Ова го истакна американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс, во неговото обраќање пред бизнис-елитата на тема „Економските односи меѓу САД и Македонија“.Зборувајќи за искуствата кои американските компании ги имале како странски инвеститори во земјава, тој вели дека клучниот услов за инвестирање е стабилноста, предвидливоста, но и доброто правно и бизнис-опкружување.
Иако во Македонија веќе има странски инвестиции, а и неколку се веќе во најава, сепак Волерс смета дека Македонија треба уште многу да направи за да привлече инвеститори. Според него, Македонија заостанува зад земјите од регионот по бројот на присутни странски инвестиции...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.