1,3 милијарди долари за увоз на струја за 11 години! Зошто не се изградија нови капацитети?!

Дека без инвестиции електроенергетскиот систем е осуден на колапс се докажа оваа недела. Тоа што недоволното домашно производство на струја 10 години се покриваше со скап увоз и ништо не се инвестираше во нови електрани и рудници, резултира со увоз на струја за 11 години од 1,3 милијарди долари
Иако Владата, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН Македонија не признаваат, рестрикции во снабдувањето со струја има. Наредбата да се штеди електричната енергија, да се исклучува осветлувањето, компаните да не трошат многу струја оти ја нема, не е ништо друго туку рестрикција.
Дека македонскиот електроенергетски систем допрва ќе се соочува со сериозни проблеми се покажа во реалноста. Бугарија и Романија почнаа помалку да произведуваат струја и се сочија со проблем, а проблемот се прелеа во земјава. Но, во Македонија енергетската криза се случи како последица на децениското неинвестирање во нови клучни енергетски капацитети. Не е изградена нова термоелектрана, не се отвори нов јагленов рудник, а идејата за изградба на нуклеарка во Мариово веќе почнаа да ја напуштаат и тие кои ја заговараа.
Во меѓувреме, македонските компании и ЕЛЕМ плаќаат сè поскапа струја од увоз. Народната банка бележи дека само во последните 11 години за увоз на струја од земјава се одлеале ни повеќе ни помалку туку 1,3 милијарди долари (струја која ја купуваат и големите компани и ЕЛЕМ).
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.