Објавено 16 февруари 2012, 08:26, во Македонија
Share |
Print page

(16.02) 27,6% од кредитите на компаниите ќе станат проблематични?!

Александар Јанев
(16.02) 27,6% од кредитите на компаниите ќе станат проблематични?!

Доколку се остварат црните предвидувања за банкрот на грчката економија и длабока рецесија во Европа, што ќе има разорни последици врз македонската економија, банките во Македонија ќе имаат сериозен проблем да ги наплатат издадените кредити. Мрачното сценарио од стрес-тестовите на Народната банка покажува дека банките во тој случај не ќе можат да наплатат 27,6% од кредитите дадени на компаниите и 21,8% од кредитите што ги пласирале кај граѓаните. Во пари, тоа значи дека лошите кредити на ниво на цел банкарски ситем ќе достигнат вредност од дури 850 милиони евра.

Најкритични сектори во економијата, кои може да ја загрозат стабилноста на кредитното портфолио, се земјоделството, индустријата, трговијата и  угостителството. Кај секторот население најголем раст на лошите кредити може да се очекува кај потрошувачките кредити и кај кредитните картички.

Банкарите коментираат дека најцрното сценарио што го анализира Народната банка може да биде фатално за банкарскиот систем, но според нив, малку е веројатно дека годинава тоа може да се оствари. Сепак, не кријат дека во економијата владее тешка криза, компаниите се соочуваат со намалено производство и продажба, немаат доволно пари за навреме да ги отплаќаат ратите за кредити...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ