Cover story: Свет на нови можности пред менаџментот на јавниот сервис
(15.02) На Македонија ѝ треба независна и силна државна телевизија

По последните измени на Законот за радиодифузна дејност, Македонската радио-телевизија нема веќе да може да се правда со финансиската зависност од власта за обвинувањата дека е партиска телевизија која не води сметка за јавниот интерес. Од лани Управата за јавни приходи е гарант и за сигурна наплата на радиодифузната такса. Затоа, оваа година менаџментот на МРТ треба да докаже дека е достоен на предизвикот да ја врати куќата на одговорната позиција резервирана за јавниот сервис
Со стекнувањето стабилни и независни извори на приходи, овозможени со измените на Законот за радиодифузија и со ефикасното наплаќање на радиодифузната такса, асистирано од УЈП, МРТ, покрај тоа што ќе може да направи значаен чекор кон ослободување од политичката подреденост во однос на власта, ќе се обиде и да си го врати стариот сјај, кој бледнее од почетокот на самостојноста на Македонија. Раководството на јавниот сервис најавува амбициозен план за враќање на гледаноста, во кој клучна улога ќе има заживувањето на играната продукција на куќата. Повозрасните граѓани со носталгија се сеќаваат на сериите “Едно лето“, “Волшебното самарче“, “Трст виа Скопје“, во чии неоспорни квалитети преку репризни изданија можеше да се увери и помладата популација.
На распишаниот конкурс на МРТ лани за домашни серии се јавиле стотина различни продуценти и извршниот директор, Петар Каранаков, веќе за септември го најавува емитувањето на две до три нови играни серии, со амбиција да се стекнат со статусот трајни вредности, како претходно наброените...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.