(15.02) Македонија во мрак! - ЕЛЕМ ќе увезува струја по цена до 160 евра за мегават-час!

Првиот човек на државните електрани, Влатко Чингоски, сепак ќе увезе 81,4 гигават-часови струја, а ќе ја штеди ТЕЦ Неготино. Трговците понудиле цена на струјата поевтина од таа што ја дава ТЕЦ Неготино. Со кризата Македонија ќе се справува со штедење. Земјата веќе е во мрак!
Термоелектраната Неготино, иако неколку денови троши мазут за да се подготви за пуштање во погон, сепак нема да произведува струја. Генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, кој е и претседател на новоформираната Комисија за електроенергетска кризна состојба, вчера објави дека најверојатно ќе ги увезе потребните 81,4 гигават-часови струја, колку што бараше на тендер за февруари и март.
„Прво да кажам дека сепак добивме понуди на тендерот, кои се на ниво на оние кои досега ги имавме. Во моментот можам да кажам дека најниската цена на аукцијата за дневната вршна енергија е околу 160 евра за мегават-час. За ноќна, односно бант енергија цената се движи околу 132 евра за мегават-час. Дополнителни анализи ќе направиме за да ја утврдиме просечната цена. Но, засега наодите се дека цената на струјата добиена на аукцијата ќе биде нешто поевтина од производната на ТЕЦ Неготино. Најверојатно ќе одиме со набавка на струја за февруари. Состојбата е порелаксирачка за март. Понудените цени се околу 80 евра за мегават-час“, објаснува Чингоски...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.