(14.02) Скап увоз или скапа струја од ТЕЦ Неготино?! Кој ќе ќари од кризата?!

Во време кога цената на струјата руши рекорди на европските берзи, Електрани на Македонија бара 81,4 гигавати струја од увоз или ќе ја вклучи ТЕЦ Неготино, која пак мегават произведува за 180 евра. Владиниот „кризен штаб“ прогласи енергетска криза, ама најде премногу скапо решение!
Нема доволно електрична енергија. Владата прогласи кризна состојба во електроенергетскиот систем во земјава и призна дека причината е забраната за извоз од Србија, Бугарија, БиХ и Романија, но и екстремно ниското ниво на акумулациите во земјава. За да не примени веднаш рестрикција во снабдувањето со струја, Владата го забрани извозот на струја од земјава, од вчера напладне до 29 февруари, а нареди да се исклучат и светлечките реклами, уличното и осветлувањето на плоштадите. Овие мерки ги смисли Комисијата за кризна електроенергетска состојба на вонредна владина седница во неделата.
Генералниот директор на Електрани на Македонија, Влатко Чингоски, кој денеска очекува понуди од трговците за увоз на 81,4 гигават-часови струја за февруари и март, без конкретен одговор дали ниското ниво во акумулациите и потребите од скап увоз се резултат само на хидролошката состојба или можеби на лошото менаџирање со хидро и термоцентралите...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.