Докторат и магистратура не се гаранција за вработување
Кристина Озимец

Емил Ниами, најмладиот доктор на науки, славист, во земјава е невработен! Соработува како лектор по македонски јазик во Прага и со Семинарот за македонски јазик, литература и култура
Најмладиот доктор на науки, славист, во земјава, Емил Ниами е невработен! Соработува како лектор по македонски јазик во Прага и со Семинарот за македонски јазик, литература и култура, но за него засега нема редовно вработување во Македонија.
„Тажно е тоа што во една словенска земја каква што е Македонија умира славистиката. Доволно добар доказ за тоа е што од катедрата кадарот континуирано заминува во пензија, а нови наставници не се примаат на работа. Една држава може да оди напред доколку постои прогрес во науката и поддршка на научниот кадар. Секако, треба да се има предвид и за образовниот процес, зашто во моментов има сè помалку наставен кадар, а сè повеќе студенти“, вели Ниами за „Капитал“.
Тој три години конкурирал во Министерството за култура за да го издаде Речникот на пароними во македонскиот јазик и три пати бил одбиен, по што решил со сопствени средства да ги објави и Речникот на пароними и Речникот на антоними во македонскиот јазик, кои се први вакви изданија во Македонија...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.