Објавено 06 февруари 2012, 14:17, во Македонија
Share |
Print page

Која е формулата на македонските компании за кои 2011 беше успешна година?

Викторија Милановска
Која е формулата на македонските компании за кои 2011 беше успешна година?

Освојувањето нови пазари, но и зголемената продажба на домашниот пазар се покажа како успешна стратегија за неколку македонски фирми за кои кризната 2011 беше успешна година. Како успеаја?

Со повисоки приходи, раст на извозот и нови инвестиции во современа технологија десетина македонски компании минатата година ѝ одолеаја на економската криза. Освојувањето нови пазари, но и зголемената продажба на домашниот пазар се покажаа како успешна стратегија за фирмите за кои кризната 2011 беше успешна година. „Капитал“, врз основа на официјално објавените финансиски податоци од компаниите, направи избор на десетина фирми чие работење е модел кој треба да се анализира за да се постигне успешен бизнис.

Од фармацевтската компанија Алкалоид велат дека покрај квалитетот на производите и кадарот на компанијата, пресуден фактор за успех е и проактивниот маркетинг-концепт.

„Уште со почетокот на светската економска криза во 2009 година, главна цел на нашата компанија беше да ја насочиме енергијата на одржување на финансиската стабилност преку управување со сите видови ризици и имплементирање на мерки за нивно намалување. Сите тие мерки на претпазливост кои ги практикувавме, без да ја нарушиме политиката на инвестирање на компанијата, донесоа позитивни резултати во работењето во минатите три години. Во 2011 година, првичните неофицијални пресметки покажуваат дека стапката на раст на пласманите во однос на 2010 година изнесува речиси 10%, како на домашниот така и на извозните пазари“, вели Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ