Објавено 06 февруари 2012, 14:09, во Македонија
Share |
Print page

Странските донатори се повлекуваат, НВО секторот неподготвен

Кристина Озимец

Граѓанскиот сектор сè потешко обезбедува финансиска одржливост. Здруженијата на граѓани годинава очекуваат нагло намалување на нивниот број, зашто повеќе од 70% се зависни од странски грантови, што значи дека долгорочно тие се неодржливи, покажа истражувањето на 43 граѓански организации на Центарот за институционален развој (ЦИРа).

Во првата половина од 2010 година, само 2,48% од оперативните буџети на граѓанските организации опфатени во истражувањето се од донации и спонзорства од бизнис-секторот, а само 0,44% од донации од индивидуалци. Од 2006 до 2009 година, здруженијата и фондациите во Македонија имале на располагање повеќе од 377 милиони евра, велат податоците на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Ја прокоцка ли граѓанскиот сектор својата шанса за самоодржливост, е прашањето кое се наметнува по најавите за секнување на странските пари. Извршниот директор на ЦИРа, Зоран Стојковски, вели дека годинава најголем ќе биде ударот врз организациите кои даваат услуги кои најчесто не можат да ги наплатат...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ