Зафировски прозборе, на потег обвинителот!

Покрај злоупотреби во јавните набавки, комисијата поднесе иницијативи за кривично гонење против Андреј Петров од СДСМ и против управителите на А1 телевизија и Плус продукција поради злоупотреба на средства за финансирање на кампањата за предвремените парламентарни избори во 2011 година
Злоупотребите во јавните набавки конечно ќе се најдат пред обвинителите. Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе неколку иницијативи за кривично гонење лица, директори и раководители на неколку државни институции за незаконско спроведување тендери. Иако ревизорските извештаи од ДЗР редовно се препраќаат и до Јавното обвинителство, досега оттаму јавно не била објавена постапка за кривично гонење на некое одговорно лице.
„Ревизорот констатира пропусти, а ние проверуваме дали постои основа за тоа и дали се работи за технички пропуст, прекршочен или кривичен. Во секој пропуст не значи дека има кривично дело“, вели првиот човек на Обвинителството во Скопје, Марко Зврлевски.
Неправилностите пак, во спроведувањето на јавните набавки се во надлежност на Обвинителството за организиран криминал. Оттаму велат дека прво ќе ги почекаат иницијативите од Антикорупциска, па дополнително ќе ги проверуваат наводите во нив...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.