52 милиони евра предвидени за реновација на затворите, состојбата уште катастрофална

Втора година се реализира проектот за реновирање на затворите вреден 52 милиони евра, а освен Министерсвото за правда, ниту една друга компетентна институција не гледа дека се решаваат суштинските проблеми на македонскиот затворски систем
Иако неодамна објавениот извештај за состојбата во затворите изготвен од Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа, според датумот, изгледа застарено – се базира на посета на македонските затвори од есента 2010 година, од канцеларијата на Омбудсманот, Иџет Мемети, тврдат дека неговите заклучоци во најголема мера се актуелни и денес. При посетата на македонските затвори реализирана од 21 септември до 1 октомври 2010 година, Комитетот за спречување на тортурата заклучил дека се потребни фундаментални промени во затворскиот систем на Македонија. Дека промени сè уште нема по вина на Владата, односно на Министерството за правда кое со години ги игнорира препораките на Комитетот, потврдуваат од канцеларијата на народниот правобранител, Иџет Мемети:
„Не сме задоволни од состојбата во затворите, особено во Идризово и во Шутка. Пред сè од хигиенските услови, здравствената заштита, третманот на затворениците. Со градежните работи во одредени затвори ќе го решат проблемот со пренатрупаноста, но зарем и за подобрување на хигиената треба да се чека да завршат градежните зафати?...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.