Фрисланд Кампина е златна шанса за млечната индустрија во Македонија

Со купување на три големи млекарници на Балканот, Фрисланд Кампина добива пазар од нови 25 милиони потрошувачи. Дали влезот на оваа млечна групација ќе резултира со поголемо производство на квалитетно млеко во Македонија, што ќе го намали сегашниот увоз?
Зголемување на стандардите за производство на млеко, подобрување на квалитетот на млекото, што значи и драстична промена во млечната индустрија во регионот. Ова се очекувањата на фармерите и на познавачите на млечниот бизнис во земјава по информацијата дека холандско-италијанската групација Ројал Фрисланд Кампина ќе ги преземе Имлек, Суботичка и Битолска млекара. Овие очекувања ги базираат на фактот дека Фрисланд Кампина е бренд во млечната индустрија во Европа.Експертите сметаат дека со оглед на големината на компанијата и нејзиното присуство на Балканот, купувањето на три производствени капацитети во Србија и во Македонија, кои се релативно големи играчи на пазарот, ќе значи големи промени на пазарот, но и доминантна позиција. Со оглед на тоа што само 20% од македонското млеко ги задоволува европските стандарди за квалитет, коментарите на фармерите се дека зголемената конкуренција ќе придонесе за поголеми инвестиции и подобрување на целиот млечен сектор.
Професорот Борис Анакиев вели дека влезот на ваква млекарска групација во Македонија дефинитивно значи подигнување на стандардите за производство на млеко, но што конкретно ќе донесе ќе се види кога ќе се објават конкретните планови и стратегијата по официјализирањето на купопродажбата.„Уште во 2007 година, кога инвестицискиот фонд Салфорд ја купи Битолска млекара, таа беше во одлична кондиција...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.