Дали Turkish Airlines е редовен авиопревозник во Македонија?!

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВП) потврдуваат дека Turkish Airlines го назначиле за редовен авиопревозник по барање на турската цивилна пловидба, но не кажуваат дали и какви поволности ужива Turkish Airlines и што нуди за возврат
Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines, е редовен авипревозник во Македонија. Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВП) потврдуваат дека Turkish Airlines го назначиле за редовен авиопревозник по барање на турската цивилна пловидба. Со ова, Turkish Airlines во моментов е единствениот редовен авиопревозник во Македонија, нудејќи ја единствено дестинацијата Скопје-Истанбул-Скопје, отако редовниот авиопревозник МАТ ервејс подолг период е приземјен.Но, од агенцијата не кажуваат дали и какви поволности ужива Turkish Airlines и што нуди за возврат. Тоа не го кажуваат ниту од Turkish Airlines, ниту од ТАВ Македонија, концесионер на скопскиот и на охридскиот аеродром. Дел од експертите во авиосообраќајот коментираат дека има низа бенефиции и обврски кои се јавно познати, но најверојатно има и многу други поволности кои ТАВ Македонија му ги дава на Turkish Airlines, како и на нискобуџетните авиокомпании, кои се чуваат како строго доверлива тајна.„Еден редовен авиопревозник има приоритет пред другите нередовни авиопревозници. Кога бара да лета до одредени дестинации, прво нему му се одобруваат, па потоа на некој друг, ако е заинтересиран...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.