Времето денес облачно со врнежи од снег

Времето ќе биде облачно со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните и јужните делови на земјава, каде на места ќе наврнат повеќе од 30 сантиметри снег.
Кон крајот на денот врнежите ќе се интензивираат низ целата земја. Ќе дува умерен, а повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од минус пет до четири степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до минус два степени.