Интервју со Андреј Жерновски, претседател на ЛДП
Бранко му донесе нов мандат на Груевски, но само обединети можеме против оваа власт!

Лидерот на Либерално-демократската партија во интервју за „Капитал“ зборува за нивното дејствување како вонпарламентарна партија, за игрите и распадот во „третиот блок“ и за нивната определба да дејствуваат опозициски, оти како што вели, оваа влада има карактеристики на режимско управување кое ја гаси демократијата, но економски нè уништува
Како вонпарламентарна партија, кои се вашите активности периодов?
Ние имаме искуство со вонпарламентарното дејствување. Во 1994 година го бојкотиравме Собранието. Во 1998 година имавме само еден пратеник, потоа се вративме со 12-13 пратеници, така што, ова не е нешто ново и ЛДП ќе се врати во Собранието каде што му е местото. Тоа е онаа задача којашто сам си ја зададов при мојот избор на конгресот. Нашата главна енергија е сконцентрирана на внатрешното партиско дејствување, да ја подигнеме повторно кондицијата на потребното ниво по овој резултат, потоа имаме ревитализација на општинските организации и тоа е во моментов она со што се занимава главно партијата.
Мислите ли дека ваков Парламент, каде што малите партии практично исчезнаа, е погубен за демократијата?
Ние сега имаме буквално бипартиски Парламент и тоа е тажна состојба. Јас не кријам дека нам ни недостасува Собранието, ни недостасуваат тие дискусии, ни недостасува таа сцена, како мегдан. Но, многу повеќе ме радува тоа што на Собранието му недостасува ЛДП, на голем дел ваши колеги, новинари, на т.н. провладини медиуми, или на оние што се поблиску до опозицијата, многу често ми се јавуваат дека искрено им недостасуваат дискусиите. Ние оставаме впечаток на подготвена парламентарна група, која секогаш дискутираше и, за жал, останавме единствена партија којашто стоејќи дискутираше, успеавме да го вметнеме тоа во новиот деловник, но никој не го почитува. Главниот проблем кај нас е тоа што никој не сака да стои додека дискутира затоа што не можат да си ги читаат листовите со дискусии, најчесто напишани во партиски штабови...
Целото интервју може да го прочитате ТУКА.