На сиромашни граѓани не им е до демократија!

Експертите се фрапирани од анкетата на Центарот за социолошки истражувања и Советот за глобална соработка, која покажа дека дури половина од македонските граѓани сметаат дека премногу демократија е штетно за земјата. До ова дереџе дојдовме затоа што граѓаните ја поврзуваат демократијата со стандардот – а тој не оди нагоре!
Најлесно се манипулираат незадоволните и исплашени граѓани, покажува истражувањето за демократската свест на граѓаните на Советот за глобална соработка и Институтот за социолошки анализи, реагираат познавачите.
Професорката по Уставно право и политички систем на Правниот факултет, Рената Дескоска, вели дека тоа што 49% од испитаниците во истражувањето одговориле дека премногу демократија е штетнo за луѓето, а 57% сметаат дека послушноста е најважна особина говори за погрешната слика која се наметнува за демократијата.
„Кога би ги прашале граѓаните во Југославија дали добро живеат, под влијание на пропагандата, ќе ви кажеле дека супер живеат. Проблемот во Македонија е колку граѓаните се изградени и подготвени активно да учествуваат во демократијата и колку институциите им даваат можност да учествуваат. Она што ние научно го предаваме како демократија и она што им се продава на граѓаните како демократија се две различни работи“, смета Дескоска...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.