Уште 100 предмети за денационализација чекаат разрешница

До крајот на годинава или најдоцна до почетокот на 2013 година сите граѓани кои поднеле барања за враќање на имот кој е национализиран треба да си ги добијат имотите или да бидат обештетени со државни обврзници, уверуваат од Министерството за финансии, од каде што информираат дека работат на завршување на уште 100 предмети
30.744 барања за денационализација се поднесени во законски предвидениот рок
од јуни 2000 до декември 2007 година
293 милиони евра потроши државата од 2002 до крајот на 2011 година
за обештетување на граѓаните вклучени во процесот
Во законскиот рок од стартот на денационализацијата, од јуни 2000 до декември 2007 година, беа поднесени 30.744 барања, од кои решени се 99,7%. Министерството планира да издаде дополнителни 11 и 12 обврзница, со кои целосно треба да се обештетат сите граѓани кои до крајот на 2012 година ќе имаат правосилни решенија за денационализација. Одлуката да се обезбедат дополнителни пари од Буџетот се должи на фактот што сè уште има нерешени предмети. Истото објаснување Министерството го имаше и кога ја издаде 10 обврзница.
Од Министерството велат дека решавањето на поголем дел од овие предмети се оддолжи поради продолжениот рок за поднесување барања за денационализација.
Дополнителните емисии на обврзници ќе бидат наменети за граѓаните кои лани добија решенија за денационализација, како и за тие што чекаат позитивен одговор од второстепени управни и постапки пред Управниот суд. Засега не се знае колку пари од Буџетот ќе бидат потребни за да се обесштетат сите граѓани вклучени во процесот...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.