Објавено 03 февруари 2012, 13:12, во Македонија
Share |
Print page

Македонија паѓа на светските рангирања

Марија Севриева
Македонија паѓа на светските рангирања

Неколку меѓународни институти и организации кои вршат рангирање во однос на повеќе параметри последнава година ја сместуваа Македонија сè подолу на нивните листи. Пад на слободата на медиумите, мизерија и неизвесна иднина - се само дел од извештаите

Најмизерни, делумно слободни, со африканска медиумска клима, високо ниво на перцепција на корупцијата и со песимистички погледи кон иднината - вака неколку престижни организации и институти ја рангираа Македонија во изминатата 2011 година.

Британскиот институт Легатум во последниот извештај за напредокот наведува дека речиси една третина од Македонците се невработени, а според една анкета од 2010 година, само 44% изјавиле дека се во каков било работен однос, што претставува мошне лош резултат. Во однос на претприемништвото и можностите за отворање свој бизнис, во извештајот е наведено дека трошоците за почнување бизнис се многу ниски, но земјава има слаба технолошка инфраструктура и не успева да ги поттикне иновациите.

Легатум наведува дека перцепцијата за корупцијата во владата и во бизнисот се движи околу глобалниот просек, а само 42% од Македонците изразиле доверба во владата. Состојбите во здравството Легатум ги отсликува преку цената која државата ја плаќа за здравствена заштита. Македонија годишно троши околу 700 долари по жител, што е малку под глобалниот просек...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ