Турција - последен џокер за НАТО?

Наместо учество на самитот во Давос и молитвениот појадок кај Обама, каде што се главните меѓународни играчи, премиерот Груевски се упати кон Турција. Дел од познавачите ова посета ја толкуваат како последна можност преку Анкара да лобираме Македонија да се најде на дневниот ред во Чикаго
Ниту економскиот самит во Давос, ниту пак молитвениот појадок со Обама во Вашингтон не му се видоа интересни на премиерот Никола Груевски да ја спроведе најавената лоби мисија за влез на земјата во НАТО на претстојниот самит во мај во Чикаго. Најверојано откако планот со победничката пресуда од Хаг му се изјалови, и самиот се увери дека без решено име, вратата за влезот во НАТО повторно ќе остане затворена, Груевски го активира планот Б.
Учеството на овие самити, каде што присуствуваа сите важни премиери и претседатели од Европа кои, всушност, и ги носат одлуките во НАТО и во ЕУ, премиерот Груевски ги замени со еднонеделна посета на Турција. Кај долгогодишниот пријател Ердоган, со кој делат иста судбина во однос на интеграцијата во Европската унија, тој виде можност и поддршка да лобира барем Македонија да се најде на дневен ред на самитот на НАТО во Чикаго. Патем, освен поддршката Реџеп Таип Ердоган да го крене гласот за Македонија во мај во Чикаго, премиерот пред турската бизнис-елита ја презентира земјава и како добра средина за странски инвестиции...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.