Владата без компас во авиособраќајот?!

Со 5,1 милиони евра во следните три години Владата ќе привлекува авиокомпании да летат од и до Македонија, политика која концесионерот ТАВ вети дека ќе ја применува пред да влезе во Македонија. Во време кога регионот ги оживува националните авиопревозници, Владата се противи на концептот.
Владата нема цврста стратегија како ќе го развива авиосообраќајот, сектор од кој директно зависи растот и развојот на целата економија. Додека земјите од регионот, но и од Европа сe уште го протежираат и го оживуваат концептот за национален авиопревозник, македонската Влада се откажа од овој модел. Дури и целосната лиоберализација на македонското небо не може до крај да се спроведе, иако Владата и Агенцијата за цивилно воздухопловство ги ратификуваа сите спогодби за отворено небо, според кои која било странска авиокомпанија ќе може да лета од и до Скопје само со најава на летот, иако нема дозвола од македонската воздухопловна власт за редовен или чартер-превозник...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.