Објавено 03 февруари 2012, 16:11, во Македонија
Share |
Print page

Економистите најмногу докторираат на маркетинг и банкарство

Кристина Озимец
Економистите најмногу докторираат на маркетинг и банкарство

Економистите најмалку ги интересира научна надградба во областа на извозот, индустријата, пазарот на труд, берзата, туризмот, иако овие сектори се најкритични во земјава, покажа истражувањето на „Капитал“

Банкарството, маркетингот, менаџментот и развојот на компаниите се најпопуларните области од кои економистите пријавуваат теми за докторски дисертации.

„Капитал“ направи истражување во кое ги опфати сите поднесени докторски дисертации за последните три години на Економскиот факултет во Скопје, Економскиот институт во Скопје и Штуловиот универзитет во Тетово. На Економскиот факултет и на Штуловиот универзитет најмногу поднесени докторати има од областа на конкурентност на компаниите и развојот на мали и средни претпријатија и на претприемништвото. Следни по популарност се докторските дисертации од областа на маркетингот, банкарскиот сектор и менаџментот. Во средина се наоѓаат областите како јавниот сектор и монетарната и фискалната политика и финансиските пазари и финансиските системи. Иако мошне популарна тема во медиумите, глобалната економска криза, не е толку актуелна кај идните доктори на науки. Само шест економисти поднеле докторски дисертации на оваа тема. Развојот во индустријата исто така не е популарен, како и темите за трговија, макроекономија, регионален, локален и ЕУ развој. Најмалку интересни за економистите се темите за инвестиции, бизнис-клима и конкурентност, осигурување, агробизнис, енергетика, извоз, берза, туризам, пазар на труд...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ