Времето денес променливо облачно со повремен снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен снег. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Дневната температура ќе се движи од минус еден до четири степени.
Во Скопје слично време, со дневна температура до два степени.