Work Shop Обука „И2 - Идеја до Инвестиција“
На 04 Февруари 2012 година во Конгресниот Центар на Скопски саем ќе биде одржан првиот дел од тродневната Work Shop Обука насловена „И2 - Идеја до Инвестиција“, чија цел е едукација на сите компании кои се заинтересирани да учествуваат на настанот Балкански Инвестициски Форум кој ќе се одржи на 18 и 19ти Април 2012 година.
Тродневната обука која е предвидено да се одржи на 4ти, 11ти и 18ти Февруари 2012 година има за цел да им помогне на компаниите да се покажат во најдобро светло пред инвеститорите кои ќе присуствуваат на Форумот како и да се максимизираат можностите на поврзувањето на македонските компании со инвеститорите. По предавањата на 4ти, следува менторирање на компаниите на 11ти и презентирање на проектите на 18ти Февруари“.
Сите присутните на Обуките ќе имаат можност да ги слушнат предавањата на еминентни експерти од повеќе области поврзани со иновативни и старт ап бизнис. Помеѓу предавачите кои се од Македонија и странство се наоѓаат Мајкл Голд, Др. Братислав Станковиќ, Љупка Наумовска, Мануел Колман, Жарко Поп-Илиев, Дарко Арсов, Игор Александровски и Др. Кларис Молад.
Обуките се отворени за сите компании и поединци заинтересирани за иновации, претприемништво и инвестирање како и за медиумите од бизнис и економски редакции.