Индивидуални советници ќе го раздвижуваат пазарот на капитал

Инвестициони советувања и управување со акции преку професионални лиценцирани советници се новините на пазарот на капитал, кои вчера друштвото за управување со фондови Илирика, ги презентираше во јавноста, а чија главна цел е да го раздвижат пазарот на капитал и да ги мотивираат малите акционери во земјава. Сите акционери, кои поседуваат акции, имот или средства во вредност поголема од 5.000 евра, ќе можат да ги дадат своите акции на управување на професионалци, а истовремено и да ја задржат сопственоста врз акциите. Лиценцираните инвестициони советници, во име на акционерите, ќе ги посетуваат акционерските собранија на компаниите, ќе имаат право на глас и ќе се борат за интересите на акционерот, но и за нивната поголема вклученост во донесувањето одлуки за работата на компаниите.
“Доколку поседувате акции во една или неколку компании, ќе склучите договор со што акциите ги давате на управување на портфолио менаџери. Тие во ваше име и на ваша сметка ќе тргуваат со акциите на берзата за да креираат што е можно поликвидно портфолио. Односно портфолио менаџерите, сите неликвидни акции ќе се трудат да ги заменат со ликвидни кои носат и поголеми дивиденди“, објасни Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика. Додаде дека во случајот со услугата за инвестициски советници, портфолио менаџерите одлуките секогаш ќе ги носат најпрво со претходни консултации со акционерите, а и договорот може да се раскине во секој миг...
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.