Објавено 03 февруари 2012, 16:02, во Македонија
Share |
Print page

(03.02) Гувернерот ја преполови владината проекција за раст - НБМ 2,4% vs. Влада 4,5%

Александар Јанев
(03.02) Гувернерот ја преполови владината проекција за раст - НБМ 2,4% vs. Влада 4,5%

Побарувачката за македонски производи во странство годинава драматично ќе опадне и тоа ќе го забави порастот на економијата до 2,4%. Ова се прогнозите што произлегуваат од најновите анализи на Народната банка за економските остварувања на земјата во време кога Европа се соочува со тешка криза и опасност од нова рецесија. Како резултат на продлабочувањето на кризата кај најголемите трговски партнери на Македонија, нето извозот од земјата годинава ќе падне, а единствен двигател на економијата се очекува да биде домашната побарувачка.

Народната банка ги идентификуваше сите ризици со кои што се соочува Македонија од еврокризата и предупреди дека неизвесноста во Европа создава опасни ризици за уште поголемо забавување на економијата.

“Најголемите трговски партнери на Македонија добиваат понегативни оценки за економскиот раст годинава, растот во Германија и Србија е ревидиран надолу, додека пак Грција уште подлабоко заглавува во рецесија. Целата еврозона се очекува дека ќе влезе во рецесија со пад на економијата од 1%. Во такви услови, релано е да се очекува дека македонската економија ќе оставри раст од 2,4%, но сепак ризиците за дополнителни надолни ревизии на оваа проекција се нагласени“, изјави гувернерот на НБМ, Димитар Богов.
Иако гувернерот ја преполови владината проекција за раст од 4,5%, засега Владата останува на сопствените прогнози. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека не ги коментира проекциите на Народната банка... 

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ