(02.02) Наместо мегаобјекти зјаат дупки во Скопје. Каде се инвеститорите?

Почнаа многу одамна, но се уште не се завршени мегаобјектите на неколку градежни парцели во главниот град, на кои се уште зјаат огромни дупки. Дефинитивно боде очи просторот кај поранешна Алумина, каде што Израелците од Газит глоуб треба да градат луксузен трговски центар вреден 100 милиони евра. Ги нема ни 40-катниците на турската компанија Џеваир холдинг во Аеродром. Што ќе преземе Министерството за транспорт?
Градежни парцели во Скопје кои пред неколку години државата им ги продаде на приватни инвеститори се уште зјаат празни. Никој таму ништо не гради, а беа ветени мегапроекти, како град во град на Скопски саем, 40-катници за домување во Аеродром, аквапарк во Аеродром... Почнати, но недовршени градежни парцели има речиси на секој чекор, но од поголемите дефинитивно боди очи просторот кај поранешна Алумина, каде што Израелците од Газит глоуб ветија изградба на луксузен трговски центар. Се уште не е реализирана и инвестицијата на турската компанија Џеваир холдинг, која на локацијата во близина на спортската сала Јане Сандански планираше изградба на 40-катници за станбено домување. Зјае празен и просторот кај Скопски саем, каде што Словенците требаше да го градат Ера сити, но и просторот во близина на спортската сала Јане Сандански, каде што Пеце Наумовски најавуваше изградба на аквапарк и повеќенаменска спортска сала. Не треба да се заборави и Сончев град во Сопиште, кој остана само пуста желба на поранешниот и сегашниот градоначланик на општината...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.